Блог

ЗОШТО СИНТЕТИЧКО МОТОРНО МАСЛО ЗА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ?

Постојат два типа на базно масло: минерално и потполно синтетичко масло. Моторните масла кои се означуваат како “парцијално” или “полу-синтетички” претставуваат микс од минерално и синтетичко базно масло.

ЗОШТО СИНТЕТИЧКОТО МОТОРНО МАСЛО Е ПОДОБРО ОД ‘ПРИРОДНОТО’

Природните производи традиционално се сметаат за “подобри” од синтетичките. Но во случај на производство на моторни масла, научниците на Shell успешно развија низа на синтетички производи со многу подобри својства во однос на природните производи.

Синтетичките базни масла имаат подобри перформанси затоа што се добиени со користење на напредни хемиски процеси, така што нивната молекуларна структура, а со тоа и нивните својства, може да се контролираат. На пример, потполно синтетичките масла како “Shell Helix Ultra” се дизајнирани лесно да протекуваат при температури на стартување на моторот (случај кога најчесто се јавува абењето). Синтетичките базни масла се поотпорни на топлина и полесно може да им се зголеми заштитата со додавање на антиоксидациски адитиви (оксидацијата е природен процес на деградација што се јавува во маслото со текот на времето) и се со понизок степен на испарливост во однос на минералните базни масла.

На пример, во споредба на минерално масло API SG/CD, потполно синтетичко масло како Shell Helix Ultra овозможува:

  • До 5 пати зголемена чистота на моторот
  • До 3 пати зголемена заштита на моторот
  • Помалку од половина зголемена заштита на моторот од абење

 

ПРЕДНОСТИ

Клучните предности на потполно синтетичките масла се следниве:

  • Поголема чистота и квалитет од минералните базни масла – што значи помалку несакани компоненти, вклучувајќи соединенија кои содржат сулфур и реактивни или нестабилни јаглеводороди.
  • Непроменлив и постојан молекуларен состав – со што се намалува триењето во флуидот
  • Може да се прилагоди според побарувањата на современите производители на автомобили (побарувања кои не само се исполнуваат туку и се надминуваат како во случај на Shell Helix Ultra моторните масла).
  • Shell Helix синтетичките моторни масла се дизајнирани за одлични перформанси на моторот дури и во најекстермни услови карактеристични за современите мотори.