ВЕСТИ

ЈАГЛЕРОД НЕУТРАЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА НАШИТЕ КУПУВАЧИ

Shell, во чекор со трендовите, постави цел да стане енергетска компанија со нето нула емисии до 2050 година. Како најголем снабдувач на моторни масла и масти во светот, лубрикантите на Shell имаат голема улога во постигнувањето на оваа цел.

Shell им доставува на своите клиентите ширум светот околу пет милијарди литри годишно готов производ. Од воздушен транспорт до производство на енергија, рудници, комерцијални автомобили, производите на Shell овозможуваат ефикасно работење и врвни перформанси на моторите. Но, поради овие перформанси постои постојана потреба да се балансира нивното влијание на животната средина. Како што се зголемуваат барањата така се зголемуваат и очекувањата. Клиентите и потрошувачите сега очекуваат брендовите да понудат одржливи решенија што им го олеснуваат работењето и одржувањето на бизнисот.

За да одговори на зголемената индустриска побарувачка, Shell истражува низа на иницијативи со кои ќе се овозможи да се избегнат, намалат и неутрализираат емисиите, помагајќи им на клиентите да најдат решенија што ќе бидат во корист на нивните оперативни и одржливи цели.

Последниот чекор на овој процес е лансирањето на проширеното портфолио на јаглерод неутрални моторни масла и масти.  Освен што помагаат да се избегнат или намалат емисиите, овие производи сега се и јаглерод-неутрални благодарение на глобалното портфолио на Shell засновано на природни состојки.

Јаглерод-неутралното портфолио на Shell опфаќа голем број на сектори:

·         Премиум моторно масло за патнички автомобили
·         Моторно масло за тешко оптоварени дизел мотори
·         Индустриско портфолио

 

 

Ова претставува клична пресвртница во нашата постојана посветеност за постигнување на две клучни стратешки иницијативи:

  1. Намалување на интезитетот на CO2 во нашите производи. Ова се постигнува со:
  • Избегнување на емисии:

Економското размислување е во сржта на деловно работење на Shell. Shell ќе користи повеќе рециклирана содржина во пластичните шишиња, а во Европа се работи на планови за техничко докажување на употребата на рециклирана смола. Намален е уделот на јаглерод во пакувањата за 4% во споредба со 2016 година, и е поставена цел да се вметне најмалку 40% смола во целото портфолио на шишиња  до 2021 година.

Дизајнирање на производи со редуциран јаглерод диоксид (GNG – green house gas) и намалување на грамажата на амбалажата. Shell истражува најразлични концепти за пакување кои се потрајни (т.е. различни материјали или различни модели на пакување).

  • Намалување на емисии со помош на:

Подобрување на енергетската ефикасност на произвотствените капацитети, намалување на интензитетот на јаглерод над 30% во однос на 2016 година. Во сите објекти се инсталирани системи за следење на енергија (EMC) и LED осветлување што ни овозможува да ја подобриме ергетската ефикасност во нашите локации. Над 50% од електричната енергија што се користи во нашите постојки за мешање на Shell лубрикантите доаѓа од обновливи извори, вклучувајќи и договори за обновливи извори на електична енергија и имаме план за инсталација на соларен систем во сите Shell производствени капацитети. Комбинирано, овие панели генерираат 7500 MWh на електрична енергија годишно, со што ќе се намали емисијата на јаглероден диоксид околу 4500 тони годишно.

Намалување на емисиите на CO2 во синџирот на снабдување: Shell во својата флота постави LNG камиони чија емисија на CO2 е пониска за разлика од традиционалните камиони и оптимизирање на мрежата за снабдување со што ги намали километрите за траспорт за приближно 1,7 милиони километри додека со употребата на моторни масла со низок вискозитет ја намали потрошувачката на гориво.

Животниот циклус на моторните масла е следниов: вадење суровини, транспорт, производство, дистрибуција, употреба и крај на животниот век на маслото.  Користење на глобално разновидни, екстерно проверени и висококвалитетни јаглеродни кредити* за намалување на јаглеродот заснован е на природата. Секој јаглероден кредит претставува избегнување или отстранување на јаглеродниот диоксид еквивалентно на еден тон CO2. Shell како компанија ја подржува заштитата и обновата на природните екосистеми. Со помош на овие екосистеми се отстранува CO2 од атмосферата, се подобрува биодиверзитетот, се заштитуваат загрозените видови и е подршка за локалните заедници.

  1. Помагање на клиентите во управувањето на нивните потреби за одржливост

Ова се постигнува со обезбедување на високо квалитетни производи и врвна технологија која овозможува:

  • Намалување на триењето на подмачканите површини и заштита од абење
  • Продолжување на животниот век на моторот и опремата
  • Намалена потрошувачка на гориво, продолжување на интервалите за замена на моторното масло и зголемување на енергетската ефикасност
  • Намалување на количината на потребни ресурси, создаден отпад и емисии.

Лубрикантите со низок вискозитет можат да ја зголемат економичноста на горивото до 3% и да ја зголемат енергетската ефикасност во индустриските апликации до 4%. Многу од нашите индустриски лубриканти овозможуваат значителни придобивки како што се намалени потреби за одржување и намалена замена на делови.

Како што сите настојуваме за иднина со намалена емисија на јаглерод, комбинацијата од нашите две клучни иницијативи ќе им овозможат на клиентите ширум светот повеќе чисти енергетски решенија. Нашата иницијатива е одржливост без компромис, затоа што Shell моторните масла и масти се посветени да им овозможат на клиентите на ги задржат врвните оперативни перформанси, истовремено намалувајќи ја емисијата на јаглерод, намалување на отпадниот материјал и намалено користење на природните ресурси.

*јаглеводореден кредит претставува избегнување или отстранување на издувни гасови еквивалентни на еден тон CO2.