GTL технологија
Shell-овата GTL (Gas to Liquid) технологија го претвора природниот гас во висококвалитетни течни горива, базни масла за подмачкувања и други течни производи што обично се произведуваат од нафта. Оваа технологија Shell ја развива повеќе од 45 години.
Што е GTL?
Shell-овата GTL (Gas to Liquid) технологија го претвара природниот гас – најчистото фосилно гориво – во висококвалитетни течни производи, кои доколку не би постоела оваа технологија би се произведувале од сурова нафта. Oд овие висококвалитетни течни производи понатаму во процесот се произведуваат горивата за транспорт, моторни масла и состојки за секојдневна употреба како пластика, детергенти и козметика.
GTL продуктите се без боја и без мирис. Tие не содржат скоро ништо од нечистотии како сулфур, аромати и азот кои се наоѓаат во суровата нафта.
Првите GTL фабрики на Shell
Shell започна да ја развива GTL технологијата во 1970 година. Првата GTL фабрика е отворена во Бинтулу, Малезија во 1993 година и најголемата GTL фабрика во Катар во 2011 година.
Во GTL технологијата Shell инвестираше повеќе од една милијарда американски долари со поднесени повеќе од 3500 патенти во развојниот процес на технологијата.
Постојано се работи на подобрување на технологијата со подобрување на дизајните, процесите и производите.
GTL производствен процес.
GTL производствен процес се состои од 3 фази:
1. Во првата фаза се добива синтетски гас (сингас), мешавина од водород и јаглерод моноксид, кој се создава од природниот гас со негова делумна оксидација. Од сингасот се отстрануваат нечистотиите.
2. Во втората фаза добиениот гас се превара во течни јаглеводороди, со помош на катализатор. Во оваа фаза создадената течност на собна температура изгледа како восок.
3. Последната фаза е крекринг (кршење) и изомеризација, односно “прилагодување” на синџирите на молекулите во производи со посакувани својства. Со овој процес се добиваат висококвалитетните производи како дизел, керозин и базни масла.
Катализаторите ги забрзуваат хемиските реакции
Напредните синтетски катализатори на база на кобалт развиени од Shell Catalysts & Technologies се клучни за ефикасното конвертирање на природниот гас во течни горива и други производи. Секој катализатор е со големина на зрно ориз, а само 150 грама од нив имаат површина од фудбалско игралиште.
Огромни волумени од гас се изложени на катализаторските хемиски третирани површини, кои го максимизираат степенот на конверзија на GTL реакциите. Големата плоштина на површината кај катализаторот е резултат на многуте внатрешни наноканали, кои го прават многу порозен.
На неколку години, катализаторите се рециклираат, со цел да се замени кобалтот во нив.
GTL базни масла
GTL технологијата за базни масла претставува сосема нов начин за произвотство на синтетички базни масла, кои се главна компонента на моторните масла, добиени од природен гас. Shell го промовираше нивниот процес во производството на моторни масла како Shell Pure Plus технологија. Во овој процес природниот гас се конвертира во кристално чисто базно масло со речиси никакви нечистотии кои би се појавиле доколку базното масло се добие од сурова нафта.
Shell Pure Plus технологијата овозможува создавање на врвни синтетички моторни масла кои активно помагаат за одржување на чистотата во моторот и ја намалуваат потрошувачката на гориво и го штитат моторот од абење. Со помош на оваа технологија е создадено Shell-овото премиум масло Helix Ultra кое е достапно во повеќе од 100 земји во светот, како и премиум моторното масло Pennzoil Platinum во Северна Америка.