ВЕСТИ

Чувајте се и нека Ви бидат чисти патиштата

Свесни за состојбата со која се соочува целиот свет, предизвикана од пандемијата COVID-19, би сакале да ја искористиме оваа можност да им се заблагодариме на сите наши возачи на камиони за нивната посветена и истрајна работа.

Почитувани возачи на камиони,

Би сакале да Ви се заблагодариме за вашата посветена и истрајна работа, особено во овие моментално специфични и дополнително отежнети околности кога целиот свет делува во многу неизвесна насока.

Зборувајќи со многумина од вас, ја видовме тежината и тешкотиите со кои се соочувате во моментот, се со цел што е можно побрза и непрекината достава на стока за економски раст на нашата земја.

Во име на целиот наш тим, Ви благодараме уште еднаш.

Чувајте се и нека Ви бидат чисти патиштата.