ВЕСТИ

Корисни совети за припрема на вашиот автомобил за летни услови на возење со соодветното моторно масло.

Подгответе го автомобилот за летни услови на возење.

После завршувањето на зимата, потребно е автомобилот да се припреми за летни услови на возење. Тоа е посебно важно доколку се спремате за подолго патување.

ЗАПОЧНЕТЕ СО ЗАМЕНА НА ПНЕВМАТИЦИТЕ

Подготовката на возилото можете да започнете со замена на зимските пневматици со летните. Зимските „гуми“ не се прилагодени за возење на топол асфалт и високи летни температури. Особено внимание треба да се посвети на притисокот во “гумите”. Производителите на гуми и автомобили пропишуваат притисок во нивните прирачници и овие препораки треба да се следат. Пропишаната вредност се однесува на притисокот кога “гумите” се ладни. Што значи тоа? Кога ќе одлучите да го измерите притисокот во гумите, автомобилот не треба да се вози неколку часа, така што температурата на воздухот во нив е што е можно поблиску до надворешната температура.

СЛЕДНИОТ ЧЕКОР Е ПРОВЕРКА НА ТЕЧНОСТА ЗА ЛАДЕЊЕ – АНТИФОРЕЗ
Течност за ладење – антифриз овозможува намалување на точката на замрзнување и зголемување на точката на вриење на водата во системот за ладење. Покрај тоа, таа спречува корозија на металните делови на моторот и хладњакот, па затоа е многу важно антифризот да е во системот во текот на целата година, не само во зима.
Нивото на течноста за ладење треба да се проверува периодично заради големата топлина, за да се направи дополнување или замена доколку е потребно. При изборот на типот на течност за ладење, неопходно е да се следи препораката на производителот на возилото. Проверете ги цревата во системот за ладење за пукнатини и за знаци на истекување.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ ПРОВЕРУВА МОТОРНОТО МАСЛО?

Моторното масло игра исклучително важна улога и директно влијае на животниот век на моторот, па затоа е многу важно редовно да се проверува и навремено да се менува. Неправилни и ненавремени промени во маслото може да предизвикаат оштетување на деловите на моторот. Моторното масло има свој работен век и во нормални услови на употреба, адитивите делумно се трошат, а самото масло старее и се деградира. Деградацијата на маслото е неизбежна и брзината на деградацијата зависи од голем број фактори (квалитет на базното масло, адитиви, услови за возење, дизајн на мотор, итн.). Се препорачува да се провери нивото на маслото на секои поминати 1000 километри, особено е важно да се провери пред долги патувања. При промена на маслото, неопходно е да се следат препораките на производителот на возилото за интервалот на промена, вискозната градација и квалитетот на маслото.

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРОВЕРАТ И ФИЛТРИТЕ?

Улогата на филтрите за масло, воздух и гориво е важна во одржувањето на чистотата на моторот. Филтрите треба редовно да се проверуваат и доколку е потребно да се менуваат. Со редовната промена на моторно масло, филтерот за маслото исто така мора да се промени.

КЛИМА УРЕД (A/C)

Проверка на состојбата на климатa во автомобилот значи контрола на притисокот, концентрацијата и количината на течноста за ладење, можно истекување на системот, доколку е потребно, заменете го филтерот на кабината (филтерот за полен) и исчистете ги каналите за вентилација.

БИДЕТЕ СИГУРНИ ВО СОПИРАЧКИТЕ НА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

Сопирачките треба да се проверуваат редовно, според препораките на производителот на возилото или почесто, особено ако се подготвувате за подолго патување. Проверете ги плочките и дисковите, како и функционалноста на другите делови на системот за сопирање. Во случај да забележите какво било отстапување од правилно работење, контактирајте овластен сервисен центар.

ПРОВЕРЕТЕ СОСТОЈБА НА АКУМУЛАТОР

Проверката на состојбата на акумулаторот е најдобро да се направи во авро сервис. Мерењето на неговиот напон е најдобриот показател дали е во ред или не. Може да ја исчистите корозијата, да ги затегнете сите споеви, да го проверите нивото на електролит и, доколку е потребно, да додадете дестилирана вода.

Покрај наведените елементи, пред патувањето, проверете ги и светлосните сигнали, како и опремата за безбедност и заштита при возење.