Адитивите против абење се користат во многу формулации на моторни масла, каде што главната улога им e да го намалат триењето, абењето, браздењето на металните делови во услови на граничен режим на подмачкување, т.е. кога режимот на цел филм неможе да се одржи.
Маслениот филм прогресивно се намалува во услови на зголемен товар и температура, што доведува до минорен контакт помеѓу нерамните делови (asperities) од површините кои се во непосреден контакт. Допирањето на нерамните (испакнати) делови од површините го зголемува триењето и доаѓа до појава на микроскопско заварување. Варовите веднаш се кршат како што се лизгаат површините, што доведува до ново ниво на грубост (финост) на материјалите, при што самите варови преставуваат честички кои предизвикуваат абење и браздење на површините.
Со цел превенција на контакт помеѓу металните површини се користат адитиви против абење. Овие адитиви може да бидат на база на цинк или беспепелно фосфорни.
Во денешно време најчесто употребуван адитив за против абење во моторните масла е цинк диалкил дитиофосфатот ( ZDDP= zinc dialkyl dithiophosphate), претставен на слика 2.
При формулирање на мултиградно масло наменето за дизел и бензин мотори, внимателно треба да се избере типот на ZDDP или пак да се направи урамнотежена смеса од два или три типа на овој адитив.
Бидејки ZDDP во својот состав има атоми на цинк, фосфор и сулфур, во блиска иднина се очекува да се намали употребата на овој вид на адитив поради легислативите за емисија на возилата. Секако дека ОЕМ-ти, имаат загриженост за вака формулираните масла, да не влијаат негативно врз перформаност на системите кои се задолжени за рециркулација и прочистување на издувните гасови.
Shell Helix Ultra синтетичкото моторно масло на подвижните метални површини формира уникатен заштитен филм кој постојано самостојно се обновува. Овој заштитен филм овозможува постојана заштита и врвен перформанс на моторот.