Современите мотори со внатрешно согорување (МВС) имаат потреба од систем за подмачкување, каде што моторното масло циркулира под притисок со помош на пумпа. При стартување на МВС, пумпата за масло го вшмукува (усисува) моторното масло од картерот. Пред пумпата е вграден грубиот ситаст филтер кој е потопен во моторното масло во самиот картер и овозможува…
Дознај повеќеМоторите со внатрешно согорување (МВС), се сложени конструкторски дела, со голем број на делови кои во целина ја извршуваат поставената намена на истите. Бројот на делови кои го сочинуваат МВС во зависност од неговата намена т.е. потреба е различен, но може понекогаш да достигне и до 1000. Деловите на МВС кои се сметаат за основни…
Дознај повеќеАдитивите против абење се користат во многу формулации на моторни масла, каде што главната улога им e да го намалат триењето, абењето, браздењето на металните делови во услови на граничен режим на подмачкување, т.е. кога режимот на цел филм неможе да се одржи. Маслениот филм прогресивно се намалува во услови на зголемен товар и температура,…
Дознај повеќеПодобрувачите на вискозност ( VI improvers) се полимери составени од долги јаглеводородни низи, кои имаат висока молекулска маса. Тие функционираат така што ја зголемуваат релативната вискозност на моторното масло повеќе на високи температури него ли на ниски температури. Ваквото нивно однесување се должи на промената на физичката конфигурација на полимерот со повишување на температурата на…
Дознај повеќеМоторното масло во текот на неговиот животен век е изложено на кислород, кој е присутен во воздухот, при што на зголемени температури доаѓа до процес на оксидација. Оксидациски продукти добиени од самото моторно масло претставуваат супстанци кои понатаму се комбинираат во различни хемиски реакции, при што крајниот резултат е појава на сјај и лак на…
Дознај повеќеВо многу системи за подмачкување, особено оние традиционалните каде што радилицата (работната осовина) врши мешање на моторното масло со воздух, може да дојде до појава на слој од пена, особено изразено доколку во самото масло има детергенти или други површинско активни супстанци. Во ваквиот случај, самото моторно масло ја губи функцијата на хидрауличен флуид и…
Дознај повеќеДетергентите кои се присутни во моторното масло имаат есенцијална улога во заштитата на критичните метални компоненти преку неутрализација на киселите компоненти кои се формираат при процесите на согорување на дизел и бензин. Детергентите во моторното масло имаат мултифункционална улога. Тие делуваат симултано на неколку процеси кои се случуваат во моторното масло додека истото ја врши…
Дознај повеќеСите моторни масла кои содржат минерално базно масло во својат состав се подложни на формирање восоци при ниски оперативни температури. Причината за формирање на восочни кристали (восочни мрежи) во моторното масло е поради присуството на парафински структури во самото масло. Со цел да се намали количеството на восочни кристали во моторното масло при ниски температури,…
Дознај повеќеМоторното масло е совршен баланс помеѓу базното масло и пакетот на адитиви. Основна функција на моторното масло е да врши подмачкување помеѓу подвижните делови на моторот. Покрај тоа, секое квалитетно моторно масло воедно ги врши и следниве функции во моторот: Го чисти моторот од штетни наслаги Го лади моторот Оневозможува создавање на талози Заштитува од…
Дознај повеќеБазното масло може да биде присутно во крајниот продукт од 70 % (m/m или масен удел) до 99 % (m/m) во некои индустриски апликации. Нормално е да, секоја компонента има свој удел во својствата – пеформансот на готовото масло. Подолу е дадена табела за улогата, односно влијанието што го имаат базното масло и адитивите врз…
Дознај повеќе