Блог

Антиоксиданси во моторните масла

Моторното масло во текот на неговиот животен век е изложено на кислород, кој е присутен во воздухот, при што на зголемени температури доаѓа до процес на оксидација.

Оксидациски продукти добиени од самото моторно масло претставуваат супстанци кои понатаму се комбинираат во различни хемиски реакции, при што крајниот резултат е појава на сјај и лак на жешките делови од моторот. Во екстремни случаи, овие депозити оксидираат понатаму во други јаглеводородни материјали. Последици на овој процес на оксидација е и зголеменото присуство на органски киселини и зголемена вискозност на моторното масло. Ова го прави моторно масло покисело, па, маслото ја менува бојата т.е. потемнува (сл.1), при што се јавува и присуство на талог.

Слика 1

Механизмот на оксидација на моторното масло не е комплетно дефиниран, што зборува за комплесноста на хемиските реакции кои се случуваат во самото масло. Познато е дека со зголемувањето на температурата се зголемува степенот на оксидација на маслото. Присуството на метали како на пример бакар или железо и органски и неоргански киселини, исто така делуваат како промотори на реакцијата на оксидација.

Генерално, постојат два вида на инхибитори на реакцијата на оксидација. Во првата група припаѓаат алкилирани феноли како на пример 2,6-дитерциерен-бутил-4-метилфенол (сл.2)

Слика 2

и ароматични амини како N-фенил-алфа-нафтиламин (сл.3).

Слика 3

Овие инхибитори се нарекуваат терминатори на синџирести реакции и реагираат со пероксидните и хидроскипероксидните радикали. Најчесто крајниот продукт е неактивна компонента.

Во втората група се сврстуваат хемиските соедниненија кои ги уништуваат пероксидите, при што се формираат крајни продукти кои се помалку реактивни соедниненија. На пример, во оваа група припаѓаат дитиофосфатите, еден од нив е цинк дитиофосфат. Бидејќи реагираат со металните површини од моторот и ги пасивираат (ги прават неактивни), се нарекуваат уште и како метални пасиватори.

Друг многу важен антиоксидациски феномен е појавата на инхибиторски синергизам во моторното масло. Ова е појава при која се забележува поефикасно делување на комбинација од на пример два антиоксидацски адитиви, отколку секој од нив поеднинечно.

За да ви биде полесно да го изберете вистинското масло на крајот, ви предлагаме да го истражите и LubeMatch, што им овозможува на возачите брзо да го пронајдат вистинското моторно масло за своето возило. Пребарување по тип на возило, марка и модел Shell LubeMatch нуди препораки за најдобрите Shell масла за вашето возило. Без разлика дали тоа е моторно масло Shell Helix за автомобили, Shell Advance масло за мотоциклисти или моторни масла Shell Rimula за камиони