Блог

Антипенливец – инхибитор на пена во моторно масло

Во многу системи за подмачкување, особено оние традиционалните каде што радилицата (работната осовина) врши мешање на моторното масло со воздух, може да дојде до појава на слој од пена, особено изразено доколку во самото масло има детергенти или други површинско активни супстанци. Во ваквиот случај, самото моторно масло ја губи функцијата на хидрауличен флуид и на разладувач на моторот. Покрај ова, самото моторно масло кое е збогатено со воздух има тенденција на поголем степен на оксидација, која во суштина значи деградација на самиот флуид. Појавата на присуство на воздух доведува и до зголемена кавитација особено на лагерите, а со тоа и до можноста за нивно нефункционирање.

Пример за оштетување од процесот на кавитација прикажан на слика 1.

Слика 1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со цел да се спречи оваа појава во моторното масло се додаваат инхибитори на пена (антипенливци), кои може да бидат полимери на диметилсилоксан ( сл.2), кополикмери на аликилметакрилат, алкилакрилат.

Слика 2

 

Антипенливците, иако со се практично нерастворливи во моторното масло, сепак тие се фино диспергирани во масло, така да не доаѓа до нивно таложење со текот на времето. Тие делуваат така што ја зголемуваат масата на меурчињата т.е. го намалуваат површинскиот напон на граничната површина на меурчињата, со што доаѓа до нивно пукање и со тоа исчезнување од системот.

За да ви биде полесно да го изберете вистинското масло на крајот, ви предлагаме да го истражите и LubeMatch, што им овозможува на возачите брзо да го пронајдат вистинското моторно масло за своето возило. Пребарување по тип на возило, марка и модел Shell LubeMatch нуди препораки за најдобрите Shell масла за вашето возило. Без разлика дали тоа е моторно масло Shell Helix за автомобили, Shell Advance масло за мотоциклисти или моторни масла Shell Rimula за камиони.