Базното масло може да биде присутно во крајниот продукт од 70 % (m/m или масен удел) до 99 % (m/m) во некои индустриски апликации. Нормално е да, секоја компонента има свој удел во својствата – пеформансот на готовото масло. Подолу е дадена табела за улогата, односно влијанието што го имаат базното масло и адитивите врз маслото.
Од овде станува јасно дека и базното масло и адитивите споделуваат одговорност за вкупниот перформанс на готовиот производ.
Влијанието на базното масло во наведените својства, онаму каде е примарно е директно поврзано со количеството на базно масло во готовиот производ, кое рековме, може да варира, но сепак го претставува поголемиот дел од крајниот производ.
Влијанието на адитивите во наведените својства, онаму каде е секундарно, значи дека даденото својство не влијае во голема мера од присуството на дадените адитиви.
Важи и обратнот случај, каде присуството на многу мало количество на адитиви, го дефинира параметарот – својството, и тоа е случај каде тие имаат примарно влијание.
* Солвентност – способност на базното масло и/или крајниот производ да растворуваат соединенија кои природно и/или неприродно стануваат дел од нив.
** Деемузибилност – способност на маслото да не формира емулзија со вода.
*** VI- индекс на вискозност (ИВ)