Блог

Депресанти на температурата на течење во моторните масла (Адитиви за снижување на температурата на течење на моторните масла)

Сите моторни масла кои содржат минерално базно масло во својат состав се подложни на формирање восоци при ниски оперативни температури. Причината за формирање на восочни кристали (восочни мрежи) во моторното масло е поради присуството на парафински структури во самото масло.
Со цел да се намали количеството на восочни кристали во моторното масло при ниски температури, се користат т.н адитиви за снижување на температурата на течење.

Овие адитиви имаат функција:

√  да го спречат растењето на овие кристали и нивно прилепување или
√  да кокристализираат со восокот со цел спречување на негово растење.

Типични примери на молекули кои се користат за оваа цел во моторните масла се:

√  Алкилирани нафтени,
√  Полимерни метакрилати,
√  Стирен естерни полимери,
√  Кополимери на етилен винил ацетат и
√  Полифумарати.

Постојат два вида на депресанти (снижувачи) на температурата на течење кои се користат во моторните масла.
Во првата група припаѓаат алкил ароматичните полимери сл. 1, овие полимери го употребуваат механизмот со кој го спречуваат растењето и прилепувањето на кристалните восоци.

Слика 1

 

Во втората група припаѓаат полиметакрилати, овие пак кокристализираат со восоците од моторното масло.

 

Слика 2

 

Во зависност од хемиската природа на депресантот и неговата ефективност, варира и количество на овој адитив во готовото моторно масло.

Ова е причина зошто Shell ја разви Pure Plus технологијата на сосема нов начин – започнувајќи од природен гас – до производство на базно масло со 99% чистота, кое е главна компонента на моторните масла.