Блог

Детергенти во моторно масло

Детергентите кои се присутни во моторното масло имаат есенцијална улога во заштитата на критичните метални компоненти преку неутрализација на киселите компоненти кои се формираат при процесите на согорување на дизел и бензин.

Детергентите во моторното масло имаат мултифункционална улога. Тие делуваат симултано на неколку процеси кои се случуваат во моторното масло додека истото ја врши својата функција за времето на неговиот животен работен век.

Функција на детергентите во моторното масло:

1. Суспензија/Дисперзија на производите од согорување на горивото кои се нерастворливи во самото масло, како на пример талог или саѓе и производи од оксидација на моторното масло.
2. Неутрализација на производите од согорување на горивото кои имаат неорганска природа, пример киселини.
3. Неутрализација на органски киселини настанати од процесите на деградација на моторното масло.
4. Kонтрола на корозија, рѓа и соединенија кои формираат депозити.

Сите наведени функции се критични за издржливоста на моторот. Депозитите, како јаглен или лак можат да го успорат движењето на горните прстени од главите на моторот, со што ќе се дозволи да дел од гасовите кои настанале при согорување поминат во картерот и го загадат маслото, кое пак ќе влијае врз емисијата на издувните гасови, или пак може да доведе до заглавување на клипот при високи оптоварувања. Тешките талози, пак со својата појава во моторното масло ги запушуваат филтрите, кое пак води до недоволен доток на масло на моторот, со што може да дојде до катастрофални последици настанати од абење, особено при стартови на ниски темпратури. Киселините се виновни за појавата на корозија во моторот.

Детергентите реагираат со хидроксни киселини, депозитни прекурсори кои се појавуваат при процес на оксидација на маслото. Овие  депозитно-прекурсорски молекули реагираат со детергенската мицела, во која истите биваат заробени, со што им е оневозможено да се наталожат на металните површини и формираат резидуален депозит.

Со цел да се задоволат овие  побарувања, сите детергентски молекули треба да ги содржат следниве делови:

1. Поларна глава: хидрофилна кисела група (сулфонат, хидроксил, меркаптон, карбокси или карбоамидна група) која реагира метални оксиди или хидроксиди.

2. Органска (јаглеводородна) опашка: олеофилен алифат, циклоалифат, алкилароматски јаглеводородни радикали кои обезбедуваат растворливост во моторното масло.

3. Еден или повеќе метали: калциум, магнезиум, натриум.

На сликата подолу е прикажано како хемиски изгледа една детергентска молекула на калциум сулфонат.

 

За да ви биде полесно да го изберете вистинското масло на крајот, ви предлагаме да го истражите и LubeMatch, што им овозможува на возачите брзо да го пронајдат вистинското моторно масло за своето возило. Пребарување по тип на возило, марка и модел Shell LubeMatch нуди препораки за најдобрите Shell масла за вашето возило. Без разлика дали тоа е моторно масло Shell Helix за автомобили, Shell Advance масло за мотоциклисти или моторни масла Shell Rimula за камиони.