Нафтенско базно масло е она кое содржи oд 65-75 % нафтени и 25-35% парафини. Тие се слабожолтеникави по боја поради малото присуство на аромати.
Нафтените овозмoжуваат добра растворливост на адитивите во нив. Нафтенските базни масла се користат во лубрикантите од други базни масла, со цел да се подобри растворливоста на адитивите.
На слика 1 е претставен пример на нафтенска молекула со C31 (C-јаглероден атом, 31- бројот на јаглеродни атоми).
Нафтенските базни масла имаат добри својства на ниски температури, ниски индекси на вискозност и добри растворувачки својства. Ниските ИВ (индекси на вискозност) ги прави неподобни за апликации на високи температури. Нафтенските базни масла се поретки од парафинските базни масла, тие претставуваат само 10% од вкупното производство на Базни Масла од сурова нафта. Природно немаат восоци, или пак имаат многу мала содржина на восоци. Поради ова тие имаат наследно добри својства на течење при ниски темпратури. Тие имаат пониска цена, и претежно се користат онаму каде што се има потреба од флуидност на ниски температури или пак е потребна висока солвентност.
Вакви апликации вклучуваат хидраулични, турбински масла и метало-обработувачки масла.