ВЕСТИ

Категоризација на Базно масло

Од практични причини БМ се категоризирани и е воведена општоприфатена терминологија. Најголемиот дел од нив се користат за производство на моторни масла. Тестовите на моторните масла се доста скапи од една страна , од друга страна ОЕМ-ти имаат многу строги побарувања за лубрикантите со цел да се гарантира функционирање на возилата.

Во контекст на побарувањата на ОЕМ ( Original Equipment Manufacturer) од автомобилска индустрија, БМ се поделени во пет групи. Види табела подолу:

Од овде може да се види дека БМ кое ги исполнува условите да има еднакво или поголемо од 90% по маса количество на заситени јаглеводороди, при што сулфурот е помал или еднаков на 0,03% масен удел, и индексот на вискозност е еднаков или поголем од 120, тоа БМ припаѓа на група III, по API класификација.

Во контекст на индустриските/ еколошките побарувања јасен приказ ни дава следната слика:

Каде што ни се преставени појдовните суровини за добивање на базните масла, кои како што може да се види се делат на GTL (Gas to Luqiud) , парафински, нафтенски, бели, масла со висок индекс на вискозност, полиалфаолефини (PAO), синтетички естери и масло од земјоделски производи.

На сликата од лево кон десно расте биодеградибилноста на БМ, и обновливоста на појдовната суровина за добивање на истите.

Сето ова е сумаризирано во нареднава слика: