ВЕСТИ

КАКО ПОЛЕСНО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ НАЈДОБРОТО МОТОРНО МАСЛО ЗА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ СООДВЕТНОТО МОТОРНО МАСЛО ЗА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ?

Најдоброто моторно масло за вашиот автомобил, го намалува триењето и абењето со што спречува директен контакт на металните делови кои  се движат. Топлината се распределува рамномерно, низ моторот, независно од деловите кои генерираат високи температури. Тоа води кон одржување на чистотата на моторот. Благодарение на пакетот на адитиви кои ги содржи моторното масло, заштитува од корозија и ‘рга. Со сите овие својства квалитетните моторни масла допринесуваат да се продолжи работниот век на вашиот моторот и значително да се намалат трошоците за неговото одржување.

НА ШТО ТРЕБА ДА ВНИМАВАТЕ КОГА ГО БИРАТЕ МОТОРНОТО МАСЛО

Една од најважните работи на кои треба да се внимава при избор на моторно масло се препораките на производителот на автомобилот.

Секој производител на автомобили има упатство за идеално моторно масло во својата брошура со инструкции за возилото. Постојат дефинирани индикатори за избор на моторно масло, што вклучуваат одредени спецификации и вискозитет.

При правилен избор на моторно масло, најважно е да се внимава на основните концепти.

Исто така, од голема важност се стандардните карактеристики на производот на етикетата.

ТИПОВИ НА МОТОРНО МАСЛО

Моторното маторно се состои од базно масло и адитиви кои се додаваат да се подобрат перформансите на моторното масло. Моторните масла се поделени на:

  • Минерални – добиени со преработка на нафта;
  • Синтетички – составени од хемиски соединенија кои се вештачки добиени;
  • Полусинтетички – добиени со мешање на минерални и синтетички моторни масла.

 

МИНЕРАЛНО МОТОРНО МАСЛО

Моторно масло добиено со рафинирање на суровата нафта, каде за време на процесот се отстрануваат природните нечистотии.

 

 

Минералните моторни масла не се наменети за новата генерација автомобили, бидејќи не исполнуваат основите на нивното подмачкување, овие масла се одлични за постарите модели на возила и постарите мотори.

 

 

 

 

 

 

СИНТЕТИЧКО МОТОРНО МАСЛО

Моторни масла кои се, како што кажува и самиот збор, вештачки-синтетички. За разлика од минералните масла, тие се подложени на пософистицирани модификации за да ги задоволат моторите со високи перформанси. Ова се комплексни хемиски трансформации кои вклучуваат полимеризација на јаглеводородите во големи молекули. Овие молекули имаат стабилни структури што придонесува за одржување на добар вискозитет при високи температури, а од друга страна остануваат проточни на ниски температури. Заклучуваме дека овие масла го олеснуваат стартувањето на моторот во поладни услови, а во исто време не мора да се грижиме ни за високите температури.

Овие масла имаат поголема чистота што дополнително придонесува за оптимизирање на одржувањето на моторот. Тука се вклучени и адитиви со цел да се подобрат перформансите, т.е. заштита на моторот од абење, оксидација, корозија… Што треба да се издвои кога се во прашање синтетичките моторни масла:

  • Одличен проток на маслото на ниски температури;
  • Стабилност на високи температури;
  • Намалено абење и трошење на металните подвижни делови;
  • Зголемена заштита на моторот и продолжен работен век;
  • Продолжен интервал за промена на моторното масло;
  • Намалена потрошувачка на гориво.

ПОЛУСИНТЕТИЧКО МОТОРНО МАСЛО

Како што кажува самиот збор, ова е мешавина од минерално и синтетичко моторно масло. Овие масла се малку поевтини од синтетичките масла, но поскапи од минерални и имаат добар однос на цена и квалитет.

 

Тука имаме мали подобрувања во перформансите кои помалку ги штитат компонентите на моторот и се разградуваат побрзо од синтетичкото масло, но од друга страна тие се почисти, подобри флуиди и траат подолго од минералните масла. Како и синтетичките масла, тие се дизајнирани за употреба во посовремени возила.