Дали се прашувате што се случува под хаубата на вашиот автомобил во моментот кога притискате на пeдалата за гас и уживате во удобното возење?
Доколку вашиот мотор не е подмачкан со моторно масло со соодветен квалитет, “срцето” на вашиот автомобил ќе биде во состојба на постојано страдање. Тоа настанува од една страна поради триење на металните делови кои не се соодветно подмачкани, а од друга страна високата работна температура. Со текот на времето, изборот на моторно масло со несоодветен квалитет може сериозно да го оштети моторот и да го скрати неговиот работен век.
Сосема е логично да се постави прашањето: “ Кое синтетичко моторно масло е најдобро”?
GTL ТЕХНОЛОГИЈА ДО ЧИСТО БАЗНО МАСЛО
Новите модели на автомобили користат синтетички моторни масла. Shell, во производството на синтетички моторни масла има најголем напредок, создавајќи посебна линија на моторни масла добиени по пат на GTL (gas to liquid) технологија. Shell GTL Pure Plus технологијата овозможува од природен гас да се добие базно масло со 99,5% чистота, во кое се додаваат Shell-овиот единствен пакет на адитиви. “Shell Helix Ultra” претставува првото синтетичко моторно масло произведено од природен гас.
“Shell” моторните масла со својот состав и структура најефикасно го штитат моторот при високи и ниски температури, овозможуваат заштита на гориво и имаат гаранција за потполна чистота.
ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА ПОД ХАУБАТА ОДНОСНО ВО ВАШИОТ МОТОР?
Движечките делови на моторот, како што се клиповите, цилиндрите и вентилите, меѓусебно се одделени со многу тенок слој на масло. Доколку маслото не е квалитетно, деловите на моторот не се соодветно заштитени и можат да се истрошат. Висококвалитетното моторно масло “Shell Helix” се смета за пријател на моторот. Во споредба со класичните синтетички масла, обезбедува поефикасно подмачкување на метални делови од моторот, особено за време на „ладен старт“. Придонесува за негово ладење, заптивање, спречува корозија и го чисти моторот од производите добиени од согорување, со што се спречува формирање на наслаги. Ова е само дел од предностите поради кои е важно да се размисли зошто вашиот моторот заслужува најдобар „материјал“ за работа.
Маслата “Shell Helix Ultra” работат одлично во услови на екстремно ниски или високи температури. Маслото е стабилно дури и за време на „тропските“ температури, но и во зимски услови кога покажува одличен проток. Благодарение на оваа одлика, го штити моторот на возилото веднаш по неговото палењето.
Многу важна карактеристика на маслото „Shell Helix Ultra“ е високиот индекс на вискозитет, што придонесува за подобра флуидност, поради што има моќ побрзо да стигне до сите делови на моторот.
SHELL HELIX МОТОРНОТО МАСЛО Е ДОБРО ЗА МОТОРОТ, ОКОЛИНАТА, НО И ЗА ВАШИОТ ПАРИЧНИК
Синтетичките масла се поскапи од минералните масла, но нивниот квалитет и состав ефективно влијаат на рационалната потрошувачка, што автоматски го продолжува интервалот помеѓу две промени на маслото и со тоа се заштедува. На подолгиот интервал влијае и фактот дека овие масла се помалку испарливи, дури и до 50% во споредба со минералните масла. Ако го погледнеме сегашниот ефект, како резултат на ефективното влијание на маслото „Shell Helix“ врз моторот, се забележува докажано намалување на потрошувачката на гориво. Формулата за ниско триење резултира и до 3% намалена потрошувачка на гориво. Ако долгорочно размислуваме за животниот век на моторот, цената на поскапото, квалитетно масло што заштедува пари при секој старт и возење, не треба да биде доведена во прашање. Гледано од еколошка гледна точка, „Shell Helix “ е високо рангиран на ова поле затоа што обезбедува помали емисии на штетни гасови. Перформансите на моторот зависат од видот на маслото, а видот на маслото зависи од вашата одлука. Доколку сеуште постои дилема, дополнителни упатства и совети може да се бараат од искусните сервисери на Shell Helix брендираната мрежа кои најдобро знаат како да се зачува животниот век на моторот. Пронајдете го најблискиот сервисер во вашата област денес.