Блог

Систем за подмачкување во мотори со внатрешно согорување

Современите мотори со внатрешно согорување (МВС) имаат потреба од систем за подмачкување, каде што моторното масло циркулира под притисок со помош на пумпа.

При стартување на МВС, пумпата за масло го вшмукува (усисува) моторното масло од картерот. Пред пумпата е вграден грубиот ситаст филтер кој е потопен во моторното масло во самиот картер и овозможува груба филтрација на моторното масло. Усисаната течност која сега е под одреден притисок преку пумпата, каналите и цевната инсталација се доставува до сите места на кои треба да се оствари подмачкување.

Од стартувањето на моторот до негово целосно подмачкување се потребни околу 12 секунди. Откако целиот систем од канали и цевна инсталација ќе се исполни со моторно масло, пумпата треба да создаде одреден притисок кој го препишуваат конструкторите, и кој се движи од 3,5-5,0 bar. Манометарот има функција да го измери притисокот на маслото. Ова значи дека маслото во инсталацијата има 3-5 пати поголем притисок отколку атмосферскиот притисок. На овој начин моторно масло кое е под притисок, може да се достави до сите делови на моторот кои требаат да се подмачкаат, како на пример помеѓу ракавиците на коленестото и брегастото вратило и да изврши ефикасно подмачкување.

Слика 1

 

Слика 1 и 2 ни прикажува  еден пресек на систем за подмачкувње на МВС со моторно масло. Шемата на овој систем за подмачкување на МВС, ќе ја објасниме во неколку чекори.

Важно е да се напомене дека моторно маслото, при извшувањето на своите функции во моторот, тоа исто така подлежи на прочистување т.е филтрирање. За оваа цел во моторите се вградува груб (мрежест) филтер.

Впрочем, пумпата го всисува моторното масло од картерот и го насочува во финиот филтер. Кога моторното масло ќе се загрее после неколку циклуси во системот за подмачкување се лади во маслениот радиатор од каде се движи во финиот филтер. Од овој филтер маслото се насочува во следите два дела, а тоа се коленестото вратило и оската на клацкалката. Патот до коленестото вратило на маслото е овозможено така што моторното масло го исполнува главниот (магистрален) канал кој е сместен во ѕидовите на блокот од моторот и од каде преку систем на канали се доставува до лежечките лежишта на коленестото вратило, од каде преку други канали оди во летечките (подвижните) лежишта на коленестото вратило.

Вториот дел од патотот на моторното маслото преку систем на цевна инсталација и канали е до комората на лежиштата од брегастото вратило. Во оваа комора за време на ротација на вратилото, брегот зафаќа дел од моторното масло, и повторно го враќа (рециркулира) до оската на клацкалиците.

Слика 2

Врз основа на погоре наведеното може да се каже дека поголем број од деловите се подмачкуваат со моторно масло под притисок.

Специфично е подмачкувањето на клиповите, цилиндрите и клипните прстени. Овие делови се подмачкуваат така што, летечките лежишта на коленeстото вратило зафаќаат дел од маслото и го плискаат нагоре, така што дел од распрснатото масло доаѓа до внатрешните  делови од цилиндрите на моторот. Така маслото се размачкува низ површината од цилиндарот. Бидејќи станува збор за капки од моторното масло распрскани на внатрешноста од цилиндрите, тие овозможуваат намалено триење на прстените на клиповите, при движење на клиповите (нагоре-надоле).

Со самото движење на клиповите се остварува НКП (надворешна крајна позиција) и ВКП (внатрешна крајна позиција). Ако при движење на клипот нагоре се размачкува, тогаш при движење на клипот надоле се струга вишокот на моторно масло (слика 3).

Слика 3

Од телото на вентилите, маслото се слева  во комората во која е брегастото вратило. Од тука маслото доаѓа до синџирот и синџирникот и од нив се цеди во коритото на  моторот.

Моторнотo масло кое прска од лежиштата на коленестото вратило и она кое се цеди од цилиндрите исто така се слива во коритото.

Притисокот на моторнот масло се регулира со помош на сигурносен вентил. Сигурносниот вентил спречува притискот да биде преголем, што се случува кога маслото е ладно. Кога ќе се пречекори граничниот притисок од 4.8-5.1 bar, истиот се отвара и овозможува дел од моторното масло да се врати во коритото. Ова се случува се додека маслото не се загрее и додека не продолжи да тече при саканиот притисок. Кога ќе се постигне саканиот притисок, вентилот автоматски се затвара.

На видеото подолу, со времетраење од три минути, се наведени сите придобивки од користење на Shell Helix Ultra моторните масла во моторот на вашиот автомобил: