Моторното масло е совршен баланс помеѓу базното масло и пакетот на адитиви. Основна функција на моторното масло е да врши подмачкување помеѓу подвижните делови на моторот. Покрај тоа, секое квалитетно моторно масло воедно ги врши и следниве функции во моторот:
- Го чисти моторот од штетни наслаги
- Го лади моторот
- Оневозможува создавање на талози
- Заштитува од абење, корозија и ‘рга
- Намалено испарување
- Заштеда на гориво
Со цел да може моторното масло има комплетна функционалност во моторот, погодно би било да разгледаме една формулација на моторно масло:

Клучот за постигнување на највисок перформанс на крајниот производ е разбирањето на интеракцијата помеѓу базното масло и адитивите, и нивна соодветна крајна примена со цел исполнување на побарувањата на машината-моторот и операционите услови на работење на истата/иот.
Во текот на употребата на маслото во моторот, се случуваат различни хемиски реакции, кои доведуваат до негово уништување т.е. намалување на количеството на адитиви и зголемување на количеството на контаминенти од согорувањето. Промени во моторното масло се случуваат и при непрописното користење и чување на истото, по што би требало да дојде до замена на моторното масло.
За да ви биде полесно да го изберете вистинското масло на крајот, ви предлагаме да го истражите и LubeMatch, што им овозможува на возачите брзо да го пронајдат вистинското моторно масло за своето возило. Пребарување по тип на возило, марка и модел Shell LubeMatch нуди препораки за најдобрите Shell масла за вашето возило. Без разлика дали тоа е моторно масло Shell Helix за автомобили, Shell Advance масло за мотоциклисти или моторни масла Shell Rimula за камиони.
