ВЕСТИ

Парафински базни масла

Парафинското базно масло се добива од суровата нафта преку процес на рафинација.

Процесот на рафинација дава минерални масла кои може да бидат парафински или нафтенски. На слика 1 е даден пример на парафинска молекула, а на слика 2 пример на нафтенска молекула.

 

Слика 1
Слика 2

Парафинско базно масло е она кое содржи ид 45-60% парафини. Тие се слабожолтеникави, поради малото присуство на аромати. Бојата може да биде поинтезивно жотла и малку флуоресцентна како се зголемува присуството на аромати. Една од причините за интензивирање на бојата е фактот што најгустите масла се направени од парафинските и нафтенските остатоци кои се земени од дното на дестилационите единици каде се и приустни повеќе аромати. Парафинските базни масла со највиска вискозност се викаат блескави залихи ( анг. Bright Stocks).

Парафинските базни масла имаат достапна цена и се користат интензивно во многу лубриканти. Тие имаат добри подмачкувачки својства и адитивите во нив лесно се раствараат. Тие може да се користат и до 200 0C без присуство на кислород (воздух) , а до 150 0C во присуство на кислород (воздух). Тие имаат релативно добри својства на ниски температури, кои може да се подобрат со адитиви. Традиционално ти имаат високи индекси на вискозност. Се користат во лубрикациони режими од цел филм до гранично подмачкување. Најголемиот дел од нив се користат во моторните, трансмисионите и индустриските масла.