ВЕСТИ

Shell – светски водечки снабдувач на моторни масла

Shell останува светски водечки снабдувач на моторни масла во тек на 13 последователни години, според известајот на Kline & Company, 17-то издание на Глобалната индустрија за лубриканти: анализа на пазарот и проценка: 2019 година (17th  Edition Global Lubricants Industry: Market Analysis and Assessment: 2019 report). Користејќи ја 2018 како основна година, извештајот ги опфаќа водечките пазари во сите земји, поделба по сегменти, видови на производи и формулации.

“Shell-овата стратегија за пораст на продажбата на моторни масла се остварува. Нашето урамнотежено портфолио на водечки производи на пазарот и растечките дигитални услуги ни овозможуваат да градиме бизнис во сите сегменти на пазарот и да демонстрираме еластичност на нашата деловна активност во се повеќе динамичниот глобален пазар на лубриканти “, рече Huibert Vigeveno, извршен потпретседател, Shell Global Commercial.

„Извештајот Kline покажува дека ја зголемуваме нашата предност во однос на нашите главни конкуренти и јас сум особено задоволен од зголемената побарувачка за нашите премиум масла и нашиот раст во индустрискиот сегмент. Фокусирани сме на она што им е потребно на нашите клиенти и соодветно ја прилагодуваме нашата понуда, што резултира во раст на материјалната заработка и придонес кон стабилниот слободен проток на готовина од компанијата „Shell“.Според извештајот, Shell го зголеми водечкиот удел на глобалниот пазар во 2018 година во однос на претходната година, додека другите конкуренти на IOC забележаа пад. Вкупната продажба на Shell беше приближно 4.500 килограми готови масла, што е приближно 5 милијарди литри. Оваа продажба е поделена скоро рамномерно помеѓу три сегменти: автомобилски производи за широка потрошувачка (30%), индустриски (36%) и комерцијални (34%).

Shell има традиција на иновации во лубрикантите и се насочува на произвотство на почисти, повеќе еколошки лубриканти направени од природен гас. Како што еволуираат потребите на клиентот, Shell продолжува со иновации и лансира She-E-течности специјално дизајнирани за растечкиот пазар на електрични возила. Во 2019 година, Shell го најави и MachineMax што е нова дигитална услуга за индустриски клиенти што помага во оптимизирање на перформансите на машината.