Денешните моторни возила имаат потреба од моторно масло кое ќе може да одговори на нивните променливи побарувања и ќе овозможи подобрување на перформансите и работниот век на моторот. Ова е причина зошто Shell ја разви Pure Plus технологијата, сосема нов начин – започнувајќи од природен гас – до производство на базно масло, кое е главна компонента на моторните масла. Shell Helix Ultra со Pure Plus технологија е првото синтетичко моторно масло создадено од природен гас за одлични перформанси на моторот.
Моторно масло создадено од природен гас
Shell Pure Plus технологијата е револуционерен процес кој го претвара природниот гас во кристално чисто базно масло со практично ниту една од нечистотиите кои ги содржи суровата нафта. Моторното масло се состои од 75-90% базно масло што претставува голем процент.
Shell Pure Plus технологијата произведува базно масло кое има подобрена вискозност, триење и стабилност за разлика од традиционалните базни масла. Ова значи дека помага во продолжувањето на работниот век на моторот, ги намалува трошоците за одржување, намалена потрошувачка на горивo и овозможува подобра чистота на моторот.
Придобивки од Shell Helix Ultra
- Исклучителни перформанси на екстремни температури
Shell Helix Ultra на екстремно високи температури овозможува одлични перформанси и заштита на моторот. Супериорна отпорност од деградација на маслото, и до 32% од последните индустриски стандарди*.
Благодарение на одличните перформанси и на ниски температури, Shell Helix Ultra со Pure Plus технологија, овозможува три пати побрз проток на маслото и на -40°C за полесно стартување и побрзо загревање на моторот**.
* Споредено со спецификацијата API SN и засновано на тестот за оксидација на секвенца IIIG** Споредено со спецификацијата API SN и засновано на ASTM D484
- Беспрекорна чистота на вашиот мотор ( заштита од наслаги и талог)
Shell Helix Ultra со Pure Plus технологија помага да се заштитат моторите со високи перформанси од штетни наслаги кои ја намалуваат моќноста и перформансите на моторот. Ова моторно масло овозможува одлична чистота на моторот. Тест возилата освен чист мотор имаат иста потрошувачка на гориво како и денот кога ја напуштаат фабриката*.
Ниту едно моторно масло не го чисти вашиот мотор подобро**.
*Врз основа на 100.000 км
**Врз основа на секвенца VG тест за талог и наслаги со користење на 0W-40.
- Помалку дополнувања – Формулација за намалено испарување
До 50% помалку загуба од испарување во споредба со инфериорните моторни масла*.
Зошто е тоа важно? Бидејќи синтетичката формулација со ниско испарување значи дека нетреба да го надополнувате маслото толку често, заштедуваќи време и пари.
*Врз основа на ASTM D5800 NOACK тестот.
- Подобра економичност на гориво
Kолку е помало триењето меѓу деловите во моторот, толку е и помала потрошувачката на гориво. Shell Helix Ultra маслото со Pure Plus технологија има намалена вискозност и формулација за намалено триење што овозможува и до 3% заштеда на гориво*.
*Врз основа на ACEA M 111 заштеда на гориво резултатите во споредба со индустриско референтно масло.
Како работи?
Shell Helix Ultra – најнапредното моторно масло е добиено со додавање на Shell-овата Active Cleansing технологија во базното масло добиено по пат на Shell PurePlus технологијата. Оваа уникатна комбинација овозможува Shell Helix Ultra да обезбеди највисоко ниво на чистота и заштита на моторот – значи ниедно моторно масло неможе да ја одржи фабричката чистота на моторот како Shell Helix Ultra.
Зошто Shell ја создаде PurePlus Технологијата?
Глобалната технологија на мотори оствари огромни достигнувања во последниве години и производителите на автомобили бараат повисоки нивоа на изведба-перфоманс на моторните масла. Поради ова пазарот на моторни масла се пренасочи кон синтетички премиум масла (масла со низок вискозитет и постојан висок квалитет). Овие синтетички масла им овозможуваат на возачите да извлечат максимум од денешните мотори со високи перформанси.
Компанијата Shell секогаш цели кон наоѓање на нови и напредни технологии и формулации во своите производи. Нивната технологија базирана на природен гас, обезбедува чиста и бистра појдовна точка. Shell одново ги обмисли (замисли) и ги измисли нивните синтетички моторни масла, и ги подобри перформансите на своите производи.